Груевски за земјоделието во Македонија: Да формиравме Влада во 2017. “капка по капка” ќе беше завршена работа, приносот неколкукратно зголемен

t

Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук сподели информации за проект кој бил предвиден во предизборната програма во 2016 година, а кој Владата подоцна го стопираше.

– 100% покриеност на земјоделието со систем “Капка по капка” за неколку години со 80% субвенции и силна кампања и напор на владата.

Во изборната програма во 2016 година имавме многу добри нови проекти кој требаше да овозможат ново значајно зголемување на нивото на земјоделието, но за жал актуелната власт ги отфрли.

Едно од нив е проектот со кој се предвидуваше да се покријат трошоците дури до 80% од страна на државата за воведување системи “Капка по капка”.

Тоа на иста површина земја зависно од културата ќе го зголеми родот најмалку двојно а кај некои култури и неколкукратно, со исто вложување, ист труд и ист ангажман.

Всушност преку националната програма за подршака на земјоделието и со ИПАРД прогрмата уште од тогаш се финасисраат набавки на системи Капка по јапка, но сеуште ни половина од земјоделските површини каде овој систем дава одлични резултати не е покриен. Потребен е ков поттик и силна државна кампања и ангажман во овој правец.

Затоа идејата на тој проект кој лично го дизајнирав во консултација со лица од областа, беше да се покријат близу 100% од земјоделските површини со системот “Капка по Капка” кој освен што штеди вода, дава неколку пати поголем род.

На пример во делот на пченката, приносот е поголем за 3,5 до 4 пати со поставувањето на систем “Капка по Капка”.

Системот поставен под земја чини околу 3 илјади евра од метар квадратен а оној над земја околу 2 илјади евра.

80% субвенција е повисоко и од Европското ИПАРД финасирање (70%), и од финасирањето преку националната програма (60%).

Планот беше исто така да се дозволи на одредена категорија која навистина нема средства да ги исфинасира оние преостанати 20%, да им се покријат 100% од трошоците, па подоцна од зголемениот принос да ги вратат средствата во износ од 20% во рок од неколку години.

Ова е еден од најзначајните проекти за македонското земјоделство, систем стар повеќе од 70 години кој потекнува од Израел и дава спектакуларни резултати, систем кој во поразвиените земји веќе не е тема, бидејќи речиси секој кон сака сериозно да се занимава со земјоделие веќе го има, и кој треба еднаш да заврши со приближно 100% покриеност.

Заради стимулирање на поголема примена и инвестирање во ваквите системи, покрај 80% од трошоците за инвестициите за системот “Капка по капка” се предвидуваше ист таков процент на подршка од државата и за копање на нови бунари за вода, бидејќи без водниот ресурс системот не може да биде од полза.

Предвидено беше право да конкурираат да имаат физички лица на кои земјоделството им е примарна дејност, земјоделски компании и задруги кои ќе набават опрема за ефикасни системи за наводнување за расадници, одгледување на раноградинарски култури, овоштарство или за наводнување на стакленичко или пластеничко производство. Максималната површина за која се планираше да се однесува поддршката беше до 50 хектари, но сега тоа би можело да е и повеќе, односно за преостанатиот дел да има одредена подршака.

Проценката тогаш беше дека кога еден земјоделски комбинат ќе се увери во придобивките од тие 50 хектари, тогаш самите ќе најдат начин да го финасираат преостанатото.

Не е доволно само да се најдат и понудат пари. Треба силна кампања од секаков вид, силен напор од страна на владата за сето тоа брзо и исправно да се спроведе и голем дел од земјиделието значително да ги зголеми приносите.

Ако тогаш во 2017 година ВМРО-ДПМНЕ по победата на изборите формираше влада, системот Капка по капка денес немаше веќе да е тема, туку целосно завршена работа во Македонија. Но, треба да се мисли за напред и да не се губи време. Да не се загубат нови 6-7 години и пак да зборуваме за истото тогаш. – напиша Груевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Избрана новата Влада на Србија

Пратениците на Собранието на Србија попладнево ја…

Ковачевски: Неколку функционери од ДУИ фрлија сенка…

Несоодветното однесување на неколку функционери од ДУИ…

Села: Прво уставни измени па формирање влада

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села…

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема…

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…