Груевски: Не сум разговарал со пратениците, јас сум против уставни измени!

t

Сум немал никаков разговор ниту влијание врз пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, вели во денешното ексклузивно гостување во “Тешки муабети” поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

– Нема такво нешто, јас најмалку година дена немам разговор со ниеден пратеник, некој ако ми честитал Нова година, па сум вратил честитки. Јас разговор со пратеници една година не сум имал, а и претходно многу ретко и никогаш на оваа тема. Еве нека излезе еден пратеник да каже дали сум го барал?

Груевски вели дека не сакам да излегува со став на темата за да не даде повод на СДСМ за речениците кои постојано ги повторуваат, односно дека влијае врз Мицкоски по одредени прашања.

– Јас не сакав да излегувам со став за оваа тема за да не биде дека јас му диктирам на Мицкоски нешто, јас зборувам за теми поврзани со минатото, проекти, ги демантирам СДСМ, така што многу поректо се осврнувам на дневно-политички теми, вели поранешниот премиер кој вели дека е против уставните измени.

– Јас сметам дека партијата не треба да го менува ставот за уставните измени, клучното прашање за понатаму е историјата и тоа е клучно и за Бугарија. Бугарија бара да кажеме дека сме заеднички народ пред 44. година. Македонската нација не е создадена на 2 август 1944 година, има докази за тоа и тука ќе се кршат копјата. Сите нивни првенци во политиката велат дека како сакаме можеме да се нарекуваме сега, но да прифатиме дека до 2 август 1944 година сме биле Бугари. Тоа не е точно, тие одат според системот на Отоманската империја каде имало само бугарска црква и грчка црква и луѓето тогаш се нарекувале според црковната припадност, тоа не е етничко изразување, но постојат многу докази дека има засебен македонски народ.

Ставот на партијата не е да влезат или да не влезат Бугарите во уставот, туку дали да влезат сега или кога ќе влеземе во ЕУ. Јас не им се мешам, како мислат, така, вели Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Не ми паѓа на памет да…

Не планирам да вршам притисок врз медиумите,…

Мицкоски: Очекувам албанските коалициони партнери да имаат…

Очекувам коалиционите партнери Албанци да имаат разбирање…

Мицкоски: ДУИ ќе ги мести изборите во…

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека…

Филипче: Предлогот на Димитриевски е алиби да…

Во своето обраќање на митингот во Радовиш,…

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…