Груевски открива: И со мене пробаа да се пазарат за национални интереси ама исходот е познат, затоа ме напаѓаат толку

t

Поранешниот премер Никола Груевски на Фејсбук продолжува да ја коментира судската одлука за ослободување од вина на Љубе Бошковски и вели дека пазарењето за националните интереси е често кај политичарите.

– Очигледно така функционира сето ова, и вака изгледаат многу од политичарите кои ги гласате, а кои ви кажуваат разно-разни измислени причини, подготвени фрази и образложенија зошто треба да се промени името на држава и на јазикот, идентитетот, историјата или други национални одстапки. Или едно во говорат пред, а друго после изборите.

Немојте да мислите дека со Заев и неговата банда разговорот бил многу различен. Може само сумите да биле различни. И не само со Заев…

Не ги обвинувајте нашите соседи, тие си ја бркаат својата работа. Си се борат за нивната држава, нација, историја, идентитет, јазик, интерес…

Нашите политичари така ги навикнале!

Сигурно ова не почнало и не завршило со Љубе.

Но, Љубе е очигледно само прототип на политичар, кој самиот отворено кажува дека го лаже народот во изборна кампања за после “да му го зарие ножот каде најмногу го боли” за пари и да го продаде како компири на пазар.

И немојте да мислите дека и со мене не се обиделе. Уште пред да станам премиер а кога веќе тоа беше јасно, дојдоа стројниците…Доаѓаа разни стројници и потоа и со матерјални и со не матерјални понуди за спогодба. И со морков и со стап.

Исходот е познат и не сум јас вака жестоко нападнат туку-така. Но, тоа можеби во некоја друга прилика… – напиша Груевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…

КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…

Груевски открива дека Заев има бизниси во…

Иако во минатото во повеќе наврати кажав…

Каков “шамар”: Тајвански “Јагео” не доаѓа во…

Премиерот Димитар Ковачевски се испофали со доаѓањето…

(Видео) Груевски: Честитки за прогласувањето на Бошковски…

Поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук ја…