Груевски со нов историски текст: Петар Поп Арсов знаеше дека постојат Македонци 40 години пред АСНОМ

t

Поранешниот премиер Никола Груевски продолжува со серијалот текстови во кои го докажува постоењето на Македонците, македонскиот јазик, народ, култура… Денска тој сподели документи од Петар Поп Арсов.

Во продолжение неговата објава:

– 1894 година, Петар Поп Арсов еден од шесте основачи на МРО(ВМРО), 40 години пред заседанието на АСНОМ на 2. Август 1944 година; за Македонците и бугарската егзархија под која се и училиштата и за бугарското кнежество и политика; Со јасно изразена различност меѓу Македонците и Бугарите, но и со незадоволство од нивните пропагандни активности преку црквата и училиштата;

„Познато е дека туѓите весници, посебно австриските и англиските, го слават Стамболов (премиер на Бугарија, познат како премиер со цврста рака) како “бугарски Бизмарк”, “Балкански Криспи” и со други, за бугарскиот Нерон умилкувачки епитети што мошне пријатно му ѕунеа во…Тој тиранин, кој ништо свето за Бугаринот не остава неизвалкано за задоволување на својата жед за власт, посака да се послужи и со училишното дело во Македонија. Тој блудник, којшто се подигра со честа, животот и имотот на своите сонародници во кнежевството, посака истото да го стори и со нас М а к е д о н ц и т е во сопствената наша татковина – Македонија… Ај да видиме што ќе стане; Србија – балкански Пиемонт, Бугарија – балканска Прусија, М а к е д о н ц и т е… сепаратисти! Нашите М а к е д о н ц и учители кога влегуваат во зградата на гимназијата (се мисли на егзархиската) се чувствуваат како во некоја турска канцеларија, каде што добро треба да ги обмислат и избројат зборовите, инаку биват прогласени за сепаратисти – тешко на нивната златна службичка!… Одземете му го на човека полето на дејствување – тој е веќе мртов; така и нашата љубезна Егзархија со своите два оддела, стремејќи се на нашите општини да им го одземе благородното поле

за работа, преку својот авторитет сака да ги умртви и да ги убие… Напомош сите чесни М а к е д о н ц и! Дојдете да ги спасиме сите умирачки општини во Македонија, со што сакаат да нѐ претворат во мртов труп за да си играат со нас како што сакаат нашите божемни браќа!… Нашите вековни господари (се мисли на Османлиите) никогаш не задирале во нашето општинско самоуправување, макар и под грчки владици, нашиот народ во општините бил слободен во издржувањето и уредувањето на училиштата, црквите, манастирите и други народно-општествени прашања…. И точно, таа наша општина- единствената народна установа што ја зачувала нашата национална и човечка физиономија низ петстотинигодишниот период, Егзархијата со секакви средства сака да ја претвори во нула, да ја задуши, да го задуши народниот дух!!!…

Токму таква е нашата положба ни даваат пари за да не убијат… По врага со тие пари, ако убивајќи ги нашите општини… им натрупуваат севозможни претседатели, директори, учители и други за да ги контролирале (!?) сумите – единствениот мотив на бугарската пропаганда! … Да, бугарската пропаганда!

Најважните служби Егзархијата им ги доверува на Бугари: владици, архимандрити, директори, инспектори, учители, деловодители, редактори итн., а од егзархиската служба ги отстранува совесните М а к е д о н ц и против кои се употребуваат сите дозволени и недозволени средства да бидат изгонети од својата татковина…

Со тоа, “народната” Егзархија совршено смислено се стреми да го ликвидира секое самостојно движење кај нас, на М а к е д о н е ц о т да му одземе секаква можност да се занимава со повозвишени прашања; да не окове во синџири за да не разигрува како мечка и да нè води таму од каде што ќе добие поголем бакшиш!…

(“Документите за борбата…том 1”, Б.Светозаревиќ, Македонци милениумски сведоштва за идентитетското име)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…

КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…

Груевски открива дека Заев има бизниси во…

Иако во минатото во повеќе наврати кажав…

Три лица се повредени во несреќата помеѓу…

Три лица се повредени во сообраќајната несреќа…

Груевски со нов историски текст: Петар Поп…

Поранешниот премиер Никола Груевски продолжува со серијалот…