Груевски со предлог за македонската дипломатија: Нерезидентни амбасадори како амортизација
Нерезидентни амбасадори како амортизација на немањето присуство на Македонија во најголем број држави
Македонија треба да има амбасадорско покривање во поголем дел од државите а не само во 42 држави (7 мултилатерални организации).
Светот се и некои европски држави во кои Македонија нема амбасади како Португалија, Финска, Исланд, Грузија, Латвија, Словачка, Летонија, Луксембург, Малта, Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Молдавија, Кипар и други. Светот е и Јужна Кореја, Сингапур, Нов Зеланд, Индонезија, Нигерија, Малезија, Панама, Коста Рика, Алжир, Мароко, Аргентина, Венецуела, Јужно Африканска Република, Филипини, Либија, Монголија, Колумбија, Уругвај, Мексико, Ирак, Иран, Кувај, Куба, Бахреин, Саудиска Арабија, Колумбија, Парагвај, Боливија, Перу, Чиле, Либан, Јордан, Виетнам, Камерун, Мали, Мароко, Сенегал, Боцвана, Камбоџа, Пакистан, Узбекистан, Туркмекистан, Тајланд, Оман, Јемен, Конго, Киргистан, Тунис, Шри Ланка, Уганда, Гватемала и многу други земји.
Во некои земји кои ние ги третираме како да не се на оваа планета не случајно има државни удари и борба за влијание и превласт на поголемите сили. Актуелна е драмата во Нигер каде службен јазик е францускиот и малкумина знаат дека Нигер има 25 милиони жители (слично како сите балкански земји) и има докажани а не експлоатирани четврти најголеми резерви на ураниум и дека беше најголем снабдувач на Европа со ураниум пред Русија и Казахстан, а има и огромни количини на други суровини и метали. Нигерија со 124 милиони жители е најголем производител на нафта во Африка, а имаат големи количини на олово, цинк, железо итн. Анфжглискиот е службен јазик и покрај влијанието на САД, во оваа зрмја има специјални односи со Израел на пример. Да не зборуваме за поблиските земји во Европа кои ги набројав погоре.
Приказната дека големите бизниси се само за бизнисмени од големите земји има многу исклучоци и е лузерска за тој што така се предава и си наоѓа алиби за неактивноста.
Во моментот Македонија има 49 амбасади од кои 7 се во меѓународни организации а само 42 во држави. Во дел од земјите каде има амбасада има и конзулат, главно таму каде има најмногу дијаспора.
Дел од овие амбасадори покриваат и други држави но тоа е многу слабо присуство заради големите ангажмани кои ги има амбасадорот во која е резидент и често е “покриена земја” со амбасадор само на хартија.
Во времето кога бев претседател на владата отворивме нови амбасади во Јапонија, Индија, Бразил, Норвешка, Израел, Обединетите Арапски Емирати, Казахстан, Естонија, Косово, и Катар за кој имаше одлука од пред тоа но небеше реализирана. Значи од 32 бројот бројот на амбасади на Република Македонија порасна на 42 билатерални амбасади(плус оние 7 мултилатерални организации како ООН, ОБСЕ и др.), што е речиси 32%, или околу една третина зголемување на бројот на амбасади во нови држави, и плус отворивме и некои конзулати, како оној во Детроит на пример кој нашите претходници го беа затвориле.
Во 2014 година му предложив на министерот за надворешни работи проект за нерезидентни амбасадори. Заедно со министерот за финасии разговаравме и околу финасискоот дел за тоа.
Во Законот за МНР има одредба со која звањето амбасадор останува и по истекот на мандатот што до крајот на работниот век на поранешниот амбасадор предвидува и поголема плата, што е во ред.
Планот беше да се назначат уште 30-40 т.н. нерезидентни амбасадори за земјите каде Македонија нема амбасади. Покривањето на еден резидентен амбасадор со седиште и обврски во една земја на повеќе земји во регионот најчесто е не ефикасно. На пример, во тоа време, пред да ја отвориме амбасадата во Бразил, амбасадата во Вашингтон ги покриваше сите земји во средна и Јужна Америка. Тоа е само на хартија, реално нема речиси никакви сериозни активности. Тој амбасадор во таква голема држава како САД или Бразил нема време да ја сработи својата работа во таа држава каде е резидентен амбасадар, а за другите земји само ако излезе нешто многу важно и итно.
Македонија е мала држава и нема логика да има 200 амбасади плус некаде и конзулати, а има потреба од присуство и лобирање.
Но некои паметни држави имаат назначено т.н. нерезидентни амбасадори од редовите на вработените во Министерството за надворешни работи (МНР).
На пример Израел нема амбасада во Македонија како мала земја, и Македонија не ја покрива нивниот амбасадор во Белград или Атина, туку имаат амбасадор кариерен дипломат во МНР на Израел кој живее и работи во Израел, а 2-3 пати во годината доаѓа по одреден број денови во Макеоднија и ги прави сите претходно договорени средби со државниот врв, со колеги амбасадори на други земји, со бизнис заедницата, и со сите за кои смета дека има потреба да се среќава и да разговара. Така Израел одржува релативно тесни врски со Македонија а не плаќа кирии за објект на амбасадата, станови и кучи за вработените, плати за вработените, возила, режиски трошоци и се друго што оди со држење на една активна амбасада.
Концептот на нериздентен амбасадор треба да се предвиде во Законот и да се направи разграничување помеѓу резидентен и не резидентен амбасадор, заради долгорочните трошоци кои произлегуваат од трајноста на звањето и состојба во која по десетина години или повеќе мнозинството вработени би го имале највисокото звање-амбасадор, звање кое останува важечк и по периодот на мандатот.
Не се сеќавам но можеби тоа не стигнавме да го направиме во парламентот одкако започнаа превирањата и политичката криза, бидејќи тој закон предвидува двотретинско подршка а следеше период на бурна политичка криза која многумина со право ја доживуваат како еден вид државен удар и беше невозможно да се реализира тој проект.
Се сеќавам дека министерот неформално ги направи сите потребни подготовки, па дури имаше и предлог листа на нерезидентни амбасадори, нешто стигна и до седница на влада, но од некои веројатно правни, политички или други причини се одложи.
Седиштето на нерезидентниот амбасадор би било во неговата канцеларија во МНР на Македонија и би имал своја web страница со сите потребни информации на неа и контакти со амбасадорот односно неговите помошници. Истите информации би биле како за македонските граѓани на кои им треба некаква дипломатска помош, така и на локалните во таа земја институции и граѓани кои имаат некакви иницијативи, предлози, потреба од официјална комуникација итн.
Звањето амбасадор и акредитацијата во земјите би му дали пристап до највисоките државни функционери и институции во таа земја, што значи директен контакт и лобирање со главните одлучувачи таму, со бизнис заедницата, другите колеги амбасадори во тие земји и слично.
Но, трошоците за таков амбасадор би биле неспоредливо помали одколку амбасада со вработени и се што оди со неа.
Секој не резидентен амбасадор би имал барем по еден или повеќе помлади соработници во самото МНР пд редот на вработените, и зависно од буџетот би можел да има по еден локален соработник во земјата која ја покрива, или барем најважната од 3-4 кои ги покрива, кој би бил некој човек за контакт, консултации од пониско ниво и логистика кој си има своја професија и работа во таа земја а ова би му било некаков додатен ангажман и помал месечен прилив направен во слободно време.
На пример некој политички новинар во таа земја или политички аналитичар, универзитетски професор или асистент, бизнисмен или слично со кој не резидентниот амбасадор би бил во контакт барем еднаш неделно за да не биде тековното информирање и толкувањето на информациите само од јавни извори односно од електронските медиуми, и да има локален контакт лице за проверка на фактите и тековни консултации, како и лице кое ќе биде од помош и ќе организира логистика кога не резидентниот амбасадор би пристигнал во односната земја.
Со предлогот се предвидуваше еден не резидентен амбасадор да покрива од Скопје околу три до четири држави кои би ги посетувал во просек два пати годишно по неколку дена и тоа сите три или четири одеднаш во едно патување, престојувајќи во секоја по 4-5 дена и обавувајќи значајни средби, градејќи лични релации и пријателства.
Таму би имал средби во тамошното МНР и со преставници на државниот врв, локални колеги амбасадори, доколку имаме дијаспора и со нив, подготовка на средби и посети на државниот врв таму или на места каде има големи собири, врачување покани за посета на нивниот државен врв на Македонија и секако со преставници на бизнисот со конкретни цели во правец на продажба на производи на македонски фирми, вложувања на македонски фирми или инвестиции на тамошни компании во Макеоднија. Разни презентации за бизнис и инвестиции, контакти со туристичките агенции во правец нивно охрабрување да испраќаат туристи од нивната земја во Македонија, и нивно поврзување со македонски агенции, развивање соработка меѓу академската и научна заедница, размена на искуства во разни области, решавање на проблеми на македонски граѓани и фирми во таа или со таа земја и други мостови на соработка.
Нерезидентните амбасадори бидејќи побавно ќе ги градат своите релации во земјите каде ја преставуваат Македонија би можеле да имаат и малку подолг мандат од вообичаениот амбасадорски мандат, на пример пет или шест години или евентуално седум.
Во меѓувреме кога не патуваат, тие на дневна база од МНР би ги следеле случувањата во земјите кои ги покриваат, како преку медиумите и локалното контакт лице, така и со тек на време преку лицата со кои ќе воспостават поблиски лични релации во таа земја.
Така Македонија кога ќе има потреба за некакво важно гласање во ООН ќе има човек кој точно ќе знае кому да му се обрати или да го посети. Кога македонски државјани ќе имаат некаков проблем исто така. Кога Македонски компании ќе имаат некаква потреба брзо би се реагирало. Личните релации во дипломатијата се многу важни и без тоа никој не ја перципира државата.
За почеток Македонија би можела да започне со 15-16 вакви нерезидентни амбасадори кои би покриле околу 60 земји, а потоа таа бројка постепено би можела да биде удвоена.
Оваа иницијатива запре со доаѓањето на новата власт, како и секоја друга добра идеја, започната активност и најголем дел од проектите а подобри не се понудија.
Тоа не е одлука на паметни влади и политички гарнитури.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдени наркотични материи и вага во возило…
Различни видови сомнителни наркотични материи биле пронајдени…
„Киев Пост“: Украина го одбила американскиот план…
Украина го отфрли американскиот предлог за прекројување…
Во Србија од 1 јануари се зголемува…
Жените во Србија од 1 јануари 2027…
Зеленски до Путин: „И јас можам да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…
Казино во Кичево крадело струја со уред…
Од Електродистрибуција утрово информираа дека, по спроведени…