Група студенти вчера останале заглавени на железничката станица во Велес
Група студенти вчеравечер останале заглавени на железничката станица во Велес, откако патничкиот воз на релација Скопје–Битола, кој тргнал во 20:05 часот, застанал во Велес во 21:50 и не продолжил понатаму, објави Инстаграм профилот „studentarijamk“.
Според нивните информации, патниците биле оставени без известување, додека возот наводно чекал композиција од спротивен правец, при што се очекувало патниците да се префрлат од еден воз во друг.
Присутни патници реагираат дека немало навремени информации или официјално објаснување за причината на прекинот, што предизвикало дополнителна конфузија и негодување меѓу патниците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…
Уапсена велешанка која се обидела да го…
Полицијата во Велес уапси 30-годишна велешанка поради…
Велешанка физички нападната во нејзиниот дом
71-годишна велешанка пријавила дека во нејзиниот дом…
Студентите бараат достоинство, а не привилегии, вели…
Амбасадорот на Албанија во Македонија, Денион Мејдани,…
Вреди: ДУИ ги злоупотребува студентите за да…
Вреди обвини дека дел од студентските протести…