Грците открија 7,3 милиони шверцувани цигари: Со метални сандаци се обиделе да ги измамат рендгенските скенери

t

Грчките власти заплениле околу 7,3 милиони шверцувани цигари во Аспропиргос, во рамки на истрага против мрежа која, според надлежните, користела фирми-фантоми за прикривање на своите активности.

Акцијата на грчката даночна управа ААДЕ резултирала со четири апсења, додека уште две лица се идентификувани и по нив се трага.

Посебно внимание привлекол начинот на кој биле сокриени цигарите. Пакувањата од брендовите „Винстон“, „Давидоф“ и „Марлборо“ биле сместени во дрвени сандаци обложени со метал, за кои истражителите се сомневаат дека биле направени со цел товарот потешко да биде откриен при проверки со рендгенски скенери.

Властите извршиле претрес и во два магацина во Ано Лиосија и Танагра. Во нив не биле пронајдени дополнителни количества цигари или друга стока поврзана со конкретната пратка, но според информациите од истрагата, објектите се подготвувале за користење како нелегални погони за производство на тутунски производи.

Истражителите проверуваат дали запленетите цигари биле наменети за транспорт надвор од Грција и понатамошна продажба на европскиот пазар.

Четворицата приведени се опишуваат како лица од пониските нивоа на мрежата и по дадените искази не биле задржани во притвор. Лицата за кои се верува дека имале повисока улога во организацијата сè уште не се пронајдени.

Грчките власти ја продолжуваат истрагата за целосно утврдување на структурата на мрежата и нејзините активности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грците открија 7,3 милиони шверцувани цигари: Со…

Грчките власти заплениле околу 7,3 милиони шверцувани…

Кокаин скриен во тропско овошје стигнувал во…

Голема меѓународна полициска операција доведе до разбивање…

Грозданова: Четири сомнителни случаи во Хрватска беа…

Информациите за четири сомнителни случаи на остеитис…

„Тешко е да се живее со депресија“…

„Тешко е да се живее со депресија“,…

ВМРО-ДПМНЕ: Мастер-планот на Филипче е да дојде…

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на ставовите на лидерот на…