Грчкиот весник “Етнос”: Дали МПЦ и СПЦ се блиску до решавање на деценискиот спор?

t

Српската и Руската православна црква планирале да и доделат афтокефалност на Македонската православна црква уште овој месец, но Вселенската патријаршија со признавањето ги претркала, тврди грчкиот весник Етнос, повикувајќи се на извори од Теолошкиот факултет на Универзитетот „Аристотел“ во Солун. Намерата на Белград и Москва била Вселенската патријаршија воопшто да не учествува во давањето томос, пишува весникот.

„Пред неколку дена во српскиот град Ниш имало средба меѓу претставници на Српската православна црква и на Православната црква на Северна Македонија, со учество на српскиот патријарх Порфириј. Според информацијата, Москва и Белград сакале да ја признаат автокефалноста на Православната црква на Северна Македонија и Вселенската патријаршија да биде ставена пред свршен чин“.

Признавањето на Охридската архиепископија од страна на Вселенската патријаршија имало политички димензии кои ја засегаат и Атина, тврди „Етнос“, според кој нишката средба го забрзала текот на настаните и довела до одлука Цариград да ја тргне шизмата од македонската црква, признавајќи ја како Охридска архиепископија, барање кое МПЦ го испратила уште пред четири години.

Владиката Тимотеј во интервју за Гласот на Америка вели дека и покрај признавањето од Вселенската патријаршија, патот до афтокефалност на МПЦ мора да оди преку Српската православна црква, а не помалку важно за Скопје е и признавањето од страна на Руската црква.

„Хиерархија добиваме преку Српска православна црква. Значи треба СПЦ да предложи до останатите православни цркви, а потоа томосот да го потпишат заедно и српскиот и евентуално цариградскиот патријарх или цариградскиот и останатите. Ние не сме заинтересирани да не бидеме признати од Москва. Сепак тоа е најголема правослвна земја и најголем православен народ“.​

За ставот на Бугарија дека тие се единствени наследници на на Охридската архиепископија, владиката Тимотеј рече дека е „уште една бугарска глупост“. Засега Српската црква молчи. Се очекува нејзин став веќе во недела за кога е закажан Собор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Преподобен Григориј Декаполит

Роден е во Декапол Исавриски, од Сергиј…

Денес се сеќаваме на Светите маченици Гуриј,…

Гуриј и Самон беа угледни едески граѓани.…

Денеска е Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Денеска е Свети…

Епископот Марко устоличен во новата Делчевско-каменичка епархија…

Во црквата Успение на Пресвета Богородица во…

Денес се празнува Свети Софрониј, патријарх Јерусалимски

Роден е во Дамаск од угледни родители.…