Грчки државјанин уапсен на Табановце: На граничниот премин приложил фалсификувана бугарска возачка дозвола
Полициски службеници на Граничниот премин Табановце синоќа го лишиле од слобода Т.К. (50) од Република Грција, откако при гранична контрола било утврдено дека користел фалсификувана бугарска возачка дозвола, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, на 24 јули 2026 година во 21:16 часот, при влез во државата, при пасошката контрола и извршените гранични проверки, 50-годишниот грчки државјанин на увид приложил фалсификувана бугарска возачка дозвола.
За случајот бил известен јавен обвинител, а лицето било спроведено во Полициската станица Куманово.
По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ИЗРАЕЛ ЈА ПОДИГНА ВОЕНАТА ГОТОВНОСТ НА НАЈВИСОКО…
Израелските вооружени сили ја зголемија борбената готовност…
Пентагон ги подготвува американските воени бази да…
Пентагон подготвува американските воени бази да продолжат…
Белград се полни со специјалци: Жандармеријата во…
Припадници на српската Жандармерија со автобуси влегоа…
Борисов за ниската излезеност: Луѓето не гледаат…
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, гласаше во…
Зимското сметање на времето може да влијае…
Преминот кон зимско сметање на времето повторно…