Гувернерката Бежовска потврди: Ако е потребно рускиот гас ќе се плаќа во рубљи, немаме проблем со тоа

t

– Можат да се прават трансакции во рубљи за плаќање на рускиот природен гас ако е тоа потребно, потврди денеска гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска–Бежоска.

– Сите предуслови се создадени и не гледам дека треба да има некоја пречка за плаќање на начин на којшто е потребно, рече Ангеловска-Бежоска во одговор на прашањето на денешната прес-конференција заедно со потпретседателката на ЕИБ Лилјана Павлова дали домашните институции се подготвени да плаќаат природен гас во руски рубљи.

Гувернерката посочи дека воопшто не постојат никакви регулаторни пречки за редовна достава и плаќање на гасот.

– Се што беше до Централната банка како регулатива веќе е подготвено. Во текот на минатиот месец направена е измена и компаниите кои се увозници на гас немаат никаква пречка во делот на навременото снабдување, порача Ангеловска–Бежоска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин потпиша: Русија најде начин како да…

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ според…

Нов резил од премиерот: Бектеши зборува за…

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше прекорен од…

Бизарна несреќа во Хрватска: Пуштил телевизор и…

Во Осиек дошло до експлозија во стан…

Молдавија сепак ќе купува гас од Русија

Како што се приближува зимата Молдавија се…

Русија ги прекина меѓународните трансакции во долари,…

Практично нема прекугранични трансфери на пари од…