Објавено на:

Гугл предупредува: Руските хакери му објавија војна на НАТО

t

Руски хакери неодамна се обидоа да навлезат во веб-страните на НАТО и министерствата за одбрана на некои источноевропски земји, се вели во извештајот објавен во средата на Групата за анализа на закани на Гугл, соопшти Ројтерс.

Во извештајот не е наведено кои министерства биле насочени во она што Гугл го опиша како „фишинг кампањи за акредитиви“ започната од група со седиште во Русија наречена Coldriver или Callisto.

„Овие кампањи беа испратени користејќи новосоздадени мејлови до профили кои не се на Гугл, така што стапката на успех на овие кампањи е непозната“, се вели во извештајот.

Од НАТО се уште не го прокоментираа случајот.

Русија, која сега е под тешки економски санкции од Западот по нејзината одлука да ја нападне Украина на 24-ти февруари, редовно ги негира обвинувањата за зголемени сајбер напади врз западни цели.

Во 2019 година, финската компанија за сајбер безбедност F-Secure Labs го опиша Калисто како неидентификуван и напреден актер за закана „заинтересиран за собирање разузнавачки информации поврзани со надворешната и безбедносната политика“ во Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Гугл“, „Мета“ и „Тикток“ ја тужат Калифорнија:…

Технолошките гиганти Гугл, Мета и Тикток отворија…

„Путин нè тестира и нè приближува до…

Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…

Сиљановска Давкова на средба со командантот на…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во седиштето на Врховната…

ФБИ: Северна Кореја е одговорна за хакирањето…

ФБИ соопшти дека Северна Кореја е одговорна…

„Фајненшл тајмс“: НАТО ќе му дозволи на…

НАТО ќе ѝ дозволи на Украина да…