Објавено на:

Гутереш го поздрави усвојувањето резолуција за прекин на огнот во Газа

t

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска го поздрави усвојувањето на резолуцијата во Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, велејќи дека тоа би било непростливо доколку не се спроведе.

„Резолуцијата мора да се спроведе. Неуспехот ќе биде непростлив“, објави Гутереш на платформата Икс.

Откако САД одлучија да не го користат ветото и беа воздржани, резолуцијата беше усвоена денеска со 14 гласа „за“. САД претходно ставија вето на три резолуции кои повикуваа на прекин на огнот.

Усвоената резолуција повикува на прекин на огнот за време на светиот муслимански пост Рамазан, кој е во тек, и ослободување на сите заложници киднапирани во нападите на Хамас на 7 октомври на југот на Израел и однесени во Појасот Газа.

Меѓутоа, оваа мерка не го поврзува тоа барање со повикот за прекин на огнот. /МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дете претепано во тоалет од основно училиште

На 18.11.2026 во 23:10 часот во СВР…

Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со…

Инстант лозот „Фрути“, на Државна лотарија, на…

Погодени холандската и австриската амбасада во Киев:…

Руските напади врз украинската престолнина Киев предизвикаа…

ЕЦБ предупредува: Задолжувањето за вештачка интелигенција потсетува…

Европската централна банка предупреди дека брзиот раст…

(Видео) Оштетен највисокиот облакодер во Ријад по…

Кулата на саудискиот Фонд за јавни инвестиции…