Објавено на:

Гутереш: Конфликтите ширум светот се „смртоносен гладен пекол“

t

Животот на милиони луѓе зафатени од конфликти ширум светот е „ смртоносен секојдневен гладен пекол“. Во огромен број секојдневно бегаат од своите домови во потрага по безбедност. Ова го истакна Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш кој се обрати на Генералното собрание на ОН во средата.

„Посебно сум вознемирен од извештаите дека израелската војска има намера следно да се фокусира на Рафах, каде што стотици илјади Палестинци се притиснати во очајна потрага по безбедност. Акцијата експоненцијално би го зголемила она што е веќе хуманитарен кошмар со незамисливи регионални последици, истакна Гутереш.

Ги спомна и жариштата во Украина, Африка и Азија.

„Во Украина. Го повторувам мојот повик за правда и одржлив мир. Борбите мора да престанат во Судан пред да уништат уште повеќе животи и да се рашират. Во Мјанмар. Ни треба одржливо меѓународно и регионално решение, итно да помогнеме за најдоброто кон демократската транзиција и враќање на цивилното владеење“, додаде тој.

Гутереш го заврши својот говор со повик до сите, „ако земјите ги исполнат своите обврски од повелбата, со кои се предвидува на секој човек да му се гарантира правото на живот во мир, достоинство ќе биде загарантирано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Косово ќе ја тужи Србија за злосторства…

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека…

Захарова: Каде е Западот да даде безусловна…

Изјавата од канцеларијата на генералниот секретар на…

Глобалното производство на нафта опадна нагло за…

Глобалното производство на нафта опадна нагло за…

Гутереш: Конфликтите ширум светот се „смртоносен гладен…

Животот на милиони луѓе зафатени од конфликти…

Пентагон размислува за започнување на војна против…

Пентагон размислува за одлуката да се вовлече…