Г.г. Стефан: Како верен народ постојано да напредуваме во верата, надежта и љубовта кон Христа
Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, испрати порака во своето божиќно послание.
-Со доволни грижа и посветеност да ги сакаме и да ги почитуваме: Татковината, историјата, културата, јазикот и сета свештена и национална оставнина од нашите предци. А, во овие времиња-невремиња, во коишто владеат многубројни искушенија и предизвици, да се покажеме доследни следбеници на Христа новородениот – како мирољупци и миротворци, како богољупци и човекољупци, вели г.г. Стефан.
Тој порача, „како верен народ постојано да напредуваме во верата, надежта и љубовта кон Христа Богомладенецот, покажувајќи поголема љубов кон нашите ближни и кон сите луѓе и народи околу нас, зашто само така ќе се потврдиме како Негови вистински ученици“.
-Божиќ е празник на радоста, празник на утехата и празник на благодарноста: Синот Божји стана Син човечки, за да го издигне човекот, кој беше потонат во своето себељубие, дарувајќи му ги бескрајните височини на Својата љубов во Царството небесно, додаде г.г. Стефан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руската разузнавачка служба тврди дека Брисел сака…
Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) објави…
Со пиштол и се заканувал на сопругата…
МВР информира дека доцна синоќа во 22:05…
Сара Ѓорѓиеска пуштена на домашно лекување
По тешките повреди што ги доби во…
ГРЦИЈА ОБЈАВИ ДЕТАЛИ ЗА ПЛАНИРАНИОТ АТЕНТАТ –…
План за атентат врз лице во Грција,…
НОВИ 10 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ИСКОП НА…
Европратениците насочија дополнителни десет милијарди евра за…