Објавено на:

Г20 предупредува: Инфлацијата и геополитичките тензии ризик за глобално закрепнување

t

Финансиските лидери од Групата 20 водечки економии го делат мислењето дека зголемената инфлација предизвикана од прекини во снабдувањето претставува ризик за глобалната економска перспектива и за „асинхроното“ закрепнување од пандемијата, се вели во нацрт-заедничката изјава објавена од Ројтерс денес.

„Ние ќе продолжиме да ја зајакнуваме отпорноста на глобалните синџири на снабдување и ќе продолжиме да го следиме влијанието на овие предизвици врз нашите економии“, рекоа министрите за финансии на Г20 и гувернерите на централните банки во нацрт-изјавата, која ќе биде финализирана во петок.

Во нацрт-заедничката изјава, министрите за финансии на Г20, исто така, рекоа дека „ќе продолжат да ги следат големите глобални ризици, вклучително и оние кои произлегуваат од (тековните) геополитички тензии и макроекономските и финансиските ранливости“.

Во соопштението директно не се споменува кризата на украинско-руската граница, а зборот „тековните“ напишан во заграда укажува на тоа дека може да се избрише, наведува Ројтерс и потсетува дека Русија е членка на Г20. Финансиските лидери понатаму проценуваат дека тековниот пораст на инфлацијата во многу земји делумно е предизвикан од „нарушувања на понудата, нерамнотежа помеѓу понудата и побарувачката и зголемувањето на цените на суровините, вклучувајќи ги и цените на енергијата“.

-Централните банки ќе дејствуваат онаму каде што е потребно за да обезбедат стабилност на цените во согласност со нивните надлежности, со обврска јасно да ги соопштат своите политички позиции, порачаа министрите и гувернерите, додавајќи дека независноста на централните банки е клучна за кредибилитетот.

Шефовите за финансии на земјите-членки на Г20 ја потврдија својата посветеност на развивање правила и други инструменти за спроведување на глобалниот даночен договор постигнат минатата година, со новите правила кои стапуваат на сила во 2023 година. Тие, исто така, ветија дека „ќе направат повеќе за да се обезбеди долгорочен успех“ на заедничката рамка за реструктуирање на долгот на Г-20 за сиромашните земји, иако тоа е напишано и во загради, што значи дека ова ветување е предмет на промена.

Во однос на климатските промени, министрите од Г-20 сметаат дека за да се постигнат целите за „нето нула“ емисии на јаглерод, треба да се вклучат голем број алатки, како што се употребата на механизмот за цени на јаглеродот, стимулации и постепено укинување и рационализација на субвенциите на среден рок за неефикасни фосилни горива кои поттикнуваат расипничка потрошувачка на „електрична енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Медведев го подбра Шолц: Германецот лаже и…

Заменик-шефот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј…

Зеленски: Не смееме да дозволиме непријателот да…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Украинците…

Русите влегоа во Авдеевка од нов правец,…

Руските трупи влегле во Авдеевка од нов…

Германската буџетска криза нема да пречи на…

И покрај буџетската криза со која се…

Русија-Египет: Признавање на Палестинската држава ќе значи…

Претседателите на Русија и Египет, Владимир Путин…