Објавено на:

Г7 со заедничка изјава за поддршка за Израел

t

Лидерите на Групата седум најиндустриски развиени земји во светот (Г7) денеска ја изразија својата „целосна поддршка за Израел и неговиот народ“ по нападот од Иран и го потврдија „посветеност кон безбедноста“.

„Ја изразуваме нашата солидарност и целосна поддршка на Израел и неговиот народ и ја потврдуваме нашата посветеност на нивната безбедност“, се вели во заедничката изјава на италијанското претседателство по денешната вонредна онлајн средба.

Лидерите на Г7 ветија дека ќе ја зајакнат меѓусебната соработка за да обезбедат поголема хуманитарна помош за Палестинците во Газа.

Иран синоќа изврши голем напад со беспилотни летала и ракети, што е прв директен напад на израелска територија, што предизвика страв од поширок регионален конфликт. Израелската војска тврди дека нема жртви по нападит и дека 99 отсто од проектилите ги пресретнале со помош на израелските сојузници.

Групата од седум индустриски најразвиени земји во светот ја сочинуваат САД, Канада, Јапонија, Германија, Велика Британија, Франција и Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински разузнавач: На крајот ќе мора да…

Украина ќе мора да стапи во преговори…

ДЕНЕСКА Е НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА: Велики…

Велипеток е денот на Христовите страданија. Тие…

Британски медиуми: Терористи се закануваат дека ќе…

Според израелските новинари по тајната посета на…

Ердоган: Запрепастени сме од лицемерната политика на…

За западните демократии е срамно и скандалозно…

На скопјанка и’ го украле автомобилот кај…

-На 30.04.2024, во 17:20часот, во Полициското одделение…