Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе остане без “Белата палата”? Повторно одложено судењето за Талир 2 во Апелација
Судењето за случајот Талир 2 во Апелациониот суд во Скопје и денеска е одложено, информираат од Апелација за Инфомакс.
– Предметот со сите списи, а по барање на Вишото јавно обвинителство, се уште е на увид во Обвинителството поради вклучување на нов обвинител во постапката (Елвин Вели беше избран во ЈОРМ и се уште не е вратен), информираат од Апелација од каде додаваат дека на барање на новиот обвинител рочиштето е одложено за на 23.11.2023 година во 10 часот.
Доколку второстепениот суд ја потврди пресудата на Кривичниот суд, тоа ќе значи и извршување на конфискацијата на објектот, но неизвесно е во чии раце ќе заврши потоа. Во нормална ситуација веднаш би припаднал на државата, но случајот се комплицира бидејќи објектот е под банкарска хипотека за кредит од три милиони евра што го земала партијата.
Обвинителството очекува овој договор да се поништи, но така не мислат и од Комерцијална банка. Од таму по пресудата на Кривичниот суд се повикаа на начелното правно мислење донесено од Врховниот суд пред две години. Потенцираат дека хипотеката на Комерцијална банка на објектот е воспоставена уште во декември 2016 година, односно 2 години пред судот да го замрзне имотот кој тогаш имал чист имотен лист. Тогаш од банката потенцираа дека и новиот сопственик на објектот треба да го подмири долгот.
Работите ги комплицираат и новите измени на Кривичниот законик, а останува да видиме дали освен рокот на застаренот на делото, кој сега се намалува, ќе се променат и санкциите предвидени за делото.
Апелациониот суд може да ја поништи одлуката на Основниот суд и да го врати предметот на повторно судење, да ја поништи одлуката и да донесе одлука или пак да ја потврди првостепената одлука на Основниот суд.
Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе остане без партиското седиште и уште 30 други штабови ширум државата, останува да видиме на 23.11.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…
СДС и Венко Филипче што со демагогии,…
(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…
ВМРО-ДПМНЕ: Единствени „испрани“ пари во Македонија влегоа…
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека во периодот на владеењето…
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…