Дали поради ова е уапсен Нацев?! МИЦКОСКИ ЌЕ ГО МЕНУВА КОЦЕВСКИ

t

За една недела треба да биде подигнато и обвинението за трагедијата во Кочани, а по ова ќе продолжи и постапката за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцебвски, пишува Плусинфо.

Порталот потсетува дека Владата, по почетокот на истрагата на обвинителството за пожарот во кочанската дискотека, ја запре постапката за разрешување на Коцевски почната во февруари, за да овозможи непречено да се работи на случајот.

На крајот на март кога почна истрагата за пожарот во Кочани ппремиерот Христијан Мицкоски нпојасни зошто е запрена постапката.

„Во овој момент, имајќи ја предвид чувствителната ситуација во општеството, планираме таа постапка да ја прекинеме таму каде што се наоѓа, затоа што цениме дека обвинителите кои што работат на случајот во Кочани, треба да работат и да сработат, да им дадеме шанса да сработат. Јас кога кажав дека сме задоволни, впрочем можев да видам дека постои една заедничка акција и работа меѓу МВР и Јавното обвинителство што резултираше со 34 обезбедени лица коишто имаат и најмал сомнеж за поврзаност со овој случај “, рече тогаш Мицкоски.

На 18 февруари, Министерството за правда на владината седница го достави мислењето за работата на државниот обвинител Љупчо Коцевски, во кое бил нотиран нарушен углед на институцијата со која раководи јавниот обвинител, спротивно на член 4 став 1 од Законот за Јавно обвинителство.

Согласно вака утврденото мислење, Владата го задолжи Министерството за правда да достави предлог за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски. Откако ќе го добие Владата треба да го достави предлогот до Советот на јавните обвинители од каде, согласно законските одредби, потребно е да се добие мислење. Советот требаше за 15, а најдоцна за 30 дена да врати мислење до Владата, дали се согласува или не со ваквиот предлог

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп поделил големи бонуси за свои помошници,…

Претседателот на САД, Доналд Трамп им подари…

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги нарече граѓаните ИДИОТИ

СДС го проби дното и ги нарече…

МААЕ ќе го пријави Иран во Советот…

Одборот на гувернери на Меѓународната агенција за…

Авионот на Зеленски за малку ќе бил…

Авионот на Зеленски за малку ќе бил…

Директорот на ЦИА презема поголема улога во…

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА)…