„Дали сакаш да те убијам?“ – УЧЕНИК СО НОЖ СЕ ЗАКАНУВАЛ НА СОУЧЕНИЦИ ВО СТРУМИЦА!
„Дали сакаш да те убијам?“ – вака ученик во основно училиште во Струмица им се заканувал со соученици. До нашата редакција пристига Јавно обраќање од група родители на ученици од VIв одд при ООУ ,,Сандо Масев ‘’ –Струмица во врска со инцидент во училиштето, кое ви го пренесуваме во целост во продолжение.
– Ние родителите на учениците од 6в одд при ООУ Сандо Масев Струмица ви се обраќаме јавно поради сериозноста загриженост за безбедност и психофизичка состојба на нашите деца .
Во текот на учебната 2025/2026 год според кажувањата на нашите деца и нашите сознанија како родители во паралелката постоеле повеќе случаи на несоодветно и агресивно однесување од страна на еден ученик кон своите соученици .
Дел од децата пријавувале навреди пцовки физички туркања удирања и закани поради што кај нив се создало страв несигурност и вознемиреност.
Особено вознемирувачки беше настанот што се случи 7мај 2026 год кога според сведоштва на учениците ученикот зел нож кој се наогал во училницата односно фиоката на катедрата и со него се заканувал на неколку деца со зборови од типот ,,Дали сакаш да те убијам” по што продолжил да се движи низ училницата и ходниците.
Според казувањата на децата еден од наставниците успеал да му го одземе ножот а потоа ученикот упатил и навредливи зборови кон наставникот.
По настанот ученикот бил повикан на разговор кај стручната служба било повикано полиција но бидејки е малолетен само е испратен дома, земајки ја ташната на учениците им било кажано ,,ништо не ми можете’’ што дополнително предизвикало чуство на страв и небезбедност кај децата.
Како родители поради загриженост за безбедноста на нашите деца започнавме меѓусебно да комуницираме и да бараме решение. Дел од родителите како знак на револт и страв ги повлекоа своите деца од настава се додека не се добијат конкретни гаранции за нивната безбедност. На одржаниот состанок со претставници на училиштето ни беше кажано дека институцијата ги презела сите потребни мерки и дека ситуацијата не била целосно таква како што ја опишуваат однодно пренесуваат децата. Исто така добивме впечаток дека наместо да се слушне стравот и загриженоста на родителите и учениците акцентот беше ставен на тоа дека не треба да се преувеличуваат работите и дека нема потреба од паники.
Ние како родители не бараме осуда ниту етикетираме на било кое дете свесни сме дека станува збор за малолетници и дека секое дете има право на помош подршка и правилен воспитно образовен третман.Но исто така сметаме дека секое дете има право да посетува настава во безбедна и мирна средина без страв од закани насилство и психолошки притисок .
Поради тоа бараме:
1.Целосно и транспаретно институционално разгледување на случајот
2.Превземање конкретни мерки за заштита на сите ученици
3.Поголемо присуство и вклученост на стручните служби
4.Навремено информирање на родителите за мерките што се превземаат
5.Долгорочно решение кое ке овозможи безбедна средина за сите деца преместување на ученикот во подрачното училиште во с.Баница а најмалку преместување во друг клас
6.Бараме родителска средба во рок од 3 дена инаку ке се обратиме до надлежните на училиштето –општина Струмица и воедно за целокупниот настан и случување ке биде известено Јавното обвинителство и здружение на деца и Меѓаши.
Оваа обраќање не е мотивирано од омраза или желба за јавен линч туку од искрена родителска загриженост .Како родители чуствуваме должност да реагираме кога нашите деца се чуствуваат небезбедно.Очекуваме надлежните институции сериозно да го разгледат случајот и да постапат во интерес на безбедноста и добросостојбата на сите ученици.
Со почит родители на ученици од VI-в одд
OOУ ,,Сандо Масев”-Струм.
Одговор побаравме и од МВР, меѓутоа до овој момент СВР Струмица не одговори на нашите прашања, иако родителите велат дека настанот бил соодветно пријавен од страна на службите во училиштето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Дали сакаш да те убијам?“ – УЧЕНИК…
„Дали сакаш да те убијам?“ - вака…
(Видео) „Голема акција“: Разбиена група дрвосечачи со…
Во координирана акција на надлежните служби во…
Полицаец од Струмица „заработил“ 500 евра, посредувал…
Полицаец од Струмица посредувал за мирно решавање…
И Струмица добива „Безбеден град“
Струмица е следниот град што треба да…
Поднесена кривична пријава за „лихварство“ против струмичанка
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ј.Т.(53)…