Дали ќе договорат примирје? Министрите за одбрана на Русија и САД денес ќе имаат телефонски разговор
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска ќе оствари телефонски разговори со неговиот американски колега на иницијатива на американската страна, соопшти во петокот за новинарите руското Министерство за одбрана.
„На 18 февруари ќе се одржи телефонски разговор меѓу министерот за одбрана на Руската Федерација, армискиот генерал Сергеј Шојгу и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин. Разговорот ќе се одржи на иницијатива на американската страна“, соопшти воената агенција.
На 12 февруари шефот на руската одбрана разговараше и со неговиот американски колега. Потоа, Пентагон соопшти дека највисоките воени претставници „разговарале за трупањето сили на Русија на Крим и околу Украина“. Руската воена агенција објави дека Шојгу и Остин разговарале за „безбедносните прашања од заеднички интерес“.
Во последно време, Украина и Западот сè почесто ги повторуваат тврдењата за наводна руска „инвазија“ на Украина. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, таквите информации ги означи како „празна и неоснована“ ескалација на тензиите, нагласувајќи дека Русија не претставува закана за никого. Како што рече, тој не ја исклучи можноста за поттикнување провокации за да се оправдаат таквите тврдења и предупреди дека обидите за решавање на проблемот во југоисточна Украина преку употреба на сила ќе донесат најсериозни последици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран се заканува со ракетни напади врз…
Ирански пратеници се заканија со ракетни напади…
Норвешка подготвува штит против дронови на границата…
Норвешка ќе распореди дополнителни сензори за противвоздушниот…
Галибаф: Американците на изборите рекоа „не“ на…
Главниот ирански преговарач со САД, Мохамад Багер…
Обама: Американскиот народ испрати порака дека сака…
Поранешниот претседател на САД – Барак Обама,…
Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…
Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…