Данилов: Украина ќе го ослободи Крим со воени средства

t

Секретарот на украинскиот Национален совет за безбедност (НСДЦ) Алексеј Данилов денеска изјави дека Украина, веројатно, со воени средства ќе го ослободи Крим и покрај тоа што добила анонимни пораки дека Крим не треба да се ослободи.

„Крим е дел од територијата што мора да се ослободи и ние ќе го направиме тоа, најверојатно тоа ќе се случи со воени средства, доколку земјата агресор до сега не сфатила дека треба да ја напушти нашата територија. Во овој случај нашата земја ќе има одредени безбедносни гаранции. Немаме друга опција“, изјави секретарот на НСДЦ пред самитот на Меѓународната кримска платформа.

Според него, Русија никогаш нема да се предаде и да се смири додека го држи Крим под своја контрола. Секое друго сценарио во врска со Крим, како што наведе, ќе значи „конзервирање на ситуацијата и пренесување на војната на нашите потомци“

Шефот на украинската разузнавачка служба Кирило Буданов претходно најави нови „изненадувања“ за руските окупатори на Крим. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Кинезите нè јадат за појадок“: Германската автомобилска…

Во разговор зад затворени врати со висок…

Мицкоски: Како Влада постапивме експресно во случајот…

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките од…

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и…

Предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за…

Изобилство од семејно насилство во билтенот на…

На 15.08.2026 година во 16:30 часот полициски…

650 луѓе евакуирани по најголемиот пожар во…

Белгија продолжува да се бори со најголемиот…