Дарко Велковски ќе го чува Роналдо на првиот меч за Ал Наср?
Дебито на Португалецот Кристијано Роналдо во дресот на Ал Наср ќе се случи на 21 јануари кога во рамки на 14. коло од фудбалското првенство на Саудиска Арабија, неговиот нов клуб ќе игра против Ал Етифак,во чиј редови настапува македонскиот репрезентативец Дарко Велковски.
Роналдо пред два дена беше прмоворан како ново засилување на саудискиот прволигаш, а навивачите на Ал Наср очекуваа португалскиот напаѓач да дебитира на денешниот првенствен натпревар против Ал Тае.
Меѓутоа, Роналдо, според правилата на ФИФА, ќе мора да пропушти два натпревари за својот нов клуб поради суепснецијата која му ја изрече Манчестер јунајтед во врска со инцидентот кога напуштајќи го теренот по натпреварот со Евертон, скрши мобилен телефон на дете со аутизам.
Роналдо потпиша договор со Ал Наср до јуни 2025 година, а годишно ќе заработува околу 200 милиони евра
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Босанец (29) со нож и пиштол им…
Италијанските медиуми пренесуваат дека во Рим е…
Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа
Трагична вест го потресе Тетово. Во раните…
Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…
Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…
Експлозија во уште едно складиште за оружје…
Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…
Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…
Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…