Дарко Ристовски е нов прв човек на СДСМ во Куманово

t

Дарко Ристовски е нов претседател на општинската организација на СДСМ Куманово, јави „Куманово њуз“. Тој е избран на конкурсот што го распиша партијата за нови раководства на локално ниво, откако целото претходно раководство поднесе оставка по поразот на парламентарните избори.

Ристовски вели дека првата задача ќе му биде формирање на партиските тела и избор на секретар, по што ги чека посветена работа на терен за анимирање и враќање на старото членство.

„Мојата основна задача ќе биде сплотување и враќање на единството меѓу членовите на партијата. Ќе настојувам новото раковоство да биде спој на младоста и искуството, ќе вклучиме кадри кои досега се докажале во својата работа, но и нови членови кои имаат потенцијал да ги градат социјалдемократските вредности. Нашата заедничка цел е да го вратиме СДСМ на местото на кое му припаѓа – Куманово повторно да биде бастионот на СДСМ“, вели Ристовски.

Ристовски по професија е дипломиран економист и работи како раководител во Централниот регистар во Куманово.

Тој доаѓа на местото на досегашниот претседател на ОО на СДСМ во градот, Александар Арсиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, па продолжи…

Падот почна од СДС, Венко Филипче и…

Фала на поддршката ама и вие и…

Српски студент како глас на српските стденти…

Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…

Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…

ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…

СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…

Првоодделенска грешка на транспарент на СДСМ: Македонија…

СДСМ денес објави транспарент на кој пишува…