Даути: Каква иронија, ДУИ вторпат ќе гласа за премиер кој не е Албанец
Пак сме во ситуација кога истиот парламентарен состав ќе гласа нова влада иако повеќето од имињата се од стариот состав за кои се врзани повеќе скандали, рече пратеничката од Алијанса за Албанците, Илирие Даути.
– Ова придонесува да се стави под голем знак прашалник новиот владин состав. Иронично е дека ни по вторпат новиот премиер не е Албанец, а ДУИ по вторпат ќе гласа за премиер кој не е Албанец, во случајов за Димитар Ковачевски. За ова ќе гласа и нашиот поранешен коалициски партнер, Алтернатива, која заедно со нас се залагаа проти оваа влада – рече Даути.
Таа ја критикува ДУИ дека од шест министри немаат предложено ниту една жена и дека со тоа го игнорира половина од човечкиот капитал.
За програмата на владата таа рече дека повеќе се програмски желби, а не цели на владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Училишна кошничка до 15 проценти попуст, е…
Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна…
Заврши одморот за пратениците
Со одржувањето на денешната Работна сесија на…
Огласи за пет вработувања во Собранието, платите…
Отворени се огласи за пет работни места…
Владата го демантира СДСМ: Шише вода од…
Владата ги отфрли како „невистинити“ и „целосно…
Влада: Обезбедени се над 10 милиони евра…
Владата донесе Одлуката со која се менуваат…