Дачиќ: 20 лица на сослушување, тројца повредени сѐ уште се во тешка состојба

t

Во цела Србија денеска е Ден на жалост поради несреќата во Нови Сад, во која загинаа 14 лица поради уривање на структурата на железничката станица. На територијата на Војводина е прогласена тридневна жалост. Клиничкиот центар на Војводина соопшти дека нема нови жртви и дека тројцата повредени се уште се во тешка општа состојба.

Четиринаесет лица загинаа, а тројца се тешко повредени при уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. Полициската управа во Нови Сад ја информираше јавноста дека се идентификувани 13 жртви и дека нивните семејства се информирани, додека едно женско лице се уште не е идентификувано поради поголеми повреди.


Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека ќе започне утврдувањето на одговорноста и дека веќе денеска ќе бидат сослушани 20 лица. Тој нагласи дека јавноста мора да биде убедена дека секој што е одговорен за оваа несреќа ќе одговара. Тој изјави дека не е на полицијата да утврдува, туку на Обвинителството како дошло до несреќата и кој е одговорен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…

Американските воени подготовки се во тек во…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…

Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…

САД и Иран се приближуваат до можен…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Маж уапсен со оружје во близина на…

Американската Тајна служба уапси маж во близина…