Да бидеме хумани: Во затвор затоа што не можат да плати казна и скопска легенда која ги хранеше бездомниците, а сега и самиот нема парче леб

t

Почитувани медиуми, Ви се обраќаме директно со надеж дека ќе споделите за два хуманитарни настани кои ги организираме за двајца наши другари.

Првиот настан е во Сабота на 11.03 во кафулето Олд Скул се собираат производи, храна, хигиенски средства, кафе, чај, тутун, сок како би направиле пакет за Никола Ристов – Кољо, човек без родители кој заради прекршување на полицискиот час за време на карантините, бидејќи не е во можност да плати 121.000 денари казна, е осуден на затворска казна од 4 месеци и ги отслужува во затворот во шутка. Очекуваме скопскиот андерграунд и воопшто луѓето кои не познаваат и го познаваат лично да донесат донации кои во Недела на 12.03 би му ги однеле на Кољо.

Вториот хуманитарен настан е на 16.03, Четврток, во бифето на МКЦ, за Небојша Додевски – Грицко. Скопска легенда, основач и двигател на организацијата – ХРАНА А НЕ ОРУЖЈЕ, која секој викенд подготвуваше храна за бездомниците и луѓето кои гладуваат во Скопје. Тој заради неговите здравствени проблеми не е во можност да егзистира пристојно, игнориран од СИСТЕМОТ и ИНСТИТУЦИИТЕ, останува НИЕ неговите другари да пробаме да собереме средства како би можел полесно да се бори и да живее достоинствен живот.

Почеток на хуманитарниот настан е во 16:20 со музичко, културно уметничка програма на која учество ќе земат : Јана Гигова, ДСШ, Тотално Опуштање, БРУКА, Димиш, Кацар, Каил, Катран, Бибич, Сара Џи, Сватовски, како и Диџеите, ЖОЛТИМАН, ЈАМЕ ЗНАМЕ, ЛИКВИД ИЛУЖН, ДЕМОНИЈАК ИНСОМНИЈАК.

Влезницата ќе биде со донација, ќе има и посебна кутија но и дел од средствата планираме да ги собереме од многу македонски бендови и артисти кои ќе донираат свои музички изданија, беџови, мајци, прешивачи и други материјали, кои би се продавале, се со цел да собереме поголема сума на пари.

Кога системот и институциите се слепи и глуви, не забораваат и опресираат, омаловажуваат и стигматизираат, наша должност е да си помагаме едни на други. Затоа и акциите го носат името “БРАТ ЗА БРАТ”, а целта е преку организирано делување да помогнеме на луѓето кои се наоѓаат во лоша ситуација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешен косовски министер уапсен во акција против…

Косовската полиција уапсила шест лица во Приштина…

Маск застана зад сменетиот шеф на „Енвидија“:…

Илон Маск се приклучи на сè погласните…

Невини биле: Бугарската ДАНС негира дека ја…

Агенцијата го оспорува потеклото на снимките и…

(Фото) Ја тепал во автомобил додека не…

Охридската полиција утрово привела 31-годишен маж по…

УАПСЕНИ 11 ВОЗАЧИ: Возеле пијани и без…

МВР соопшти дека 11 возачи се лишени…