Да им веруваме на институциите, вели Талевски од СДСМ за вчерашните убиства сред Скопје

t

Мојот апел е да им веруваме на институциите, на МВР и на Обвинителството, и да дозволиме да ја завршат сопствената работа. Сето она што се случува не треба да има каков било политички момент, порача на денешната прес-конференција пратеникот на СДСМ, Миле Талевски, одговорајќи на прашањето во врска со синоќешниот вооружен инцидент во близина на Старата скопска чаршија во Скопје.

Тој напомена оти очекува МВР во најбрз временски период да даде точна информација за се она што се случувало и дека во најбрз период ќе биде расчистен случајот.

Знаеме дека имаме првични соопштенија од страна на МВР дека се преземени сите оперативно технички активности и мерки кои се во нивната надлежност. Јас, како претседател на Комисијата за одбрана и безбедност, сум задоволен од работата на министерот Оливер Спасовски. Анализите покажуваат дека имаме подобрување на откривачката дејност во делот на криминалистичката полиција, односно во делот на криминалистичко откривање и докување на кривилните дела. Во споредба со претходната година, во јануари и февруари, во последниве два месеци имаме намалување на процентот на сторени кривични дела. Да им дадеме доверба на институциите да си ја завршат сопствената работа, со оглед на тоа дека она кое се случува не треба да има каков било политички момент, додаде Талевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарската опозиција бара оставка од шефот на…

Пратеничката група на „Демократска Бугарија“ бара оставка…

Кочанец ѝ се заканувал на делчевка по…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднела…

Хорор во Охрид: Ја тепал девојката до…

Ужас го потресе Охрид, откако триесет и…

По снимките во кои зборува за притисок…

Ива Михаилова денеска преку Фејсбук порача дека…

Женска тепачка кај Бит Пазар – скопјанка…

МВР информира дека доцна синоќа во 22:20…