Да не се секирате: Амандманите за промена на Уставот ќе ги изработуваат експерти

t

Власта очекува опозицијата да се вклучи во работните групи за уставни промени. Опозицијата пак смета дека се потребни предвремени избори, бидејќи овој парламентарен состав, според неа, нема мандат за промена на Уставот.

Премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање повтори дека за процесот на уставните измени следна фаза е формирање експертска работна група, што ќе биде координирана од Министерството за правда, со цел подготвување на амандманите, по што ќе има широка јавна расправа, а потоа и парламентарна, во неколку чекори.

– Ние во моментов зборуваме за уставни измени, меѓутоа никој од граѓаните не видел како изгледаат тие уставни амандмани. Значи, прва фаза е тие да бидат напишани од страна на експерти. Не зборуваме само за вметнување на Бугарите во Уставот, туку зборуваме и за другите заедници коишто изразиле желба да бидат дел од нашиот Устав, во којшто веќе има други коишто се вклучени, изјави Ковачевски.

Работната група, додаде тој, ќе вклучува експерти по уставно право и правници, а ќе бидат повикани и експерти од политичките партии, меѓу кои и од опозициските.

– Сметам дека опозицијата тоа треба да го прифати иако се покажало во минатото дека тие во ништо не сакаат да учествуваат освен во блокирање на Собранието. Меѓутоа, мислам дека овој пат треба да учествуваат, рече Ковачевски на новинарско прашање на прес-конференција  во Владата по повод буџетската поддршка од 80 милиони евра од ЕУ за справување со енергетската криза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ристовски до ВМРО-ДПМНЕ: Погубен е граѓанскиот Устав…

Погубна е реториката  „народот на Македонија" наместо…

Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на…

Само како трагедија може да се оквалфикува…

(Видео) Јакимовски од Гостивар: Сите кои поддржувате…

Претседателскиот кандидат на коалицијата „Храбро за Македонија“,…

Бугари уапсени во Грција поради измама со…

Семејство Бугари е уапсено во Грција поради…

(Видео) Јакимовски: Мој услов за да дадам…

Доколку Јакимовски биде шеф на државата нема…