Да си даруваме и помагаме, да си бидеме поткрепа еден на друг, вели Сиљановска Давкова во честитката по повод Курбан Бајрам
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху и до сите граѓани од исламска вероисповед.
Почитуван реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху,
Дозволете ми Вам лично и на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламска вероисповед во Република Македонија, да Ви упатам срдечни честитки по повод големиот муслимански празник – Курбан Бајрам.
Најискрено посакувам празничните денови да донесат среќа, радост, љубов, хармонија и мир.
Курбан Бајрам ги потенцира благодетелта, дарувањето и солидарноста, инспирирајќи нѐ на хумани дела и поддршка на сите на кои им е потребна.
Да си даруваме и помагаме, да си бидеме поткрепа еден на друг, заедно во добро и лошо без разлика на верската, етничката, половата или било која припадност и да работиме на просперитетот на нашата татковина и благосостојбата на сите македонски граѓани.
Честит Курбан Бајрам, стои во честитката на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Украина е подготвена за избори ако…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина…
САД можеби купуваат ирански дизел преку Русија:…
Дизелот што Русија, според првичните информации, започнала…
Осомничените се обиделе да ги прегазат полицајците,…
Независниот синдикат на полицијата најостро ги осуди…
Камала Харис жестоко го нападна Трамп: Неговата…
Поранешната американска потпретседателка Камала Харис упати остри…
Полска со алармантно предупредување до НАТО: Русија…
Полска упати сериозно предупредување до сојузниците во…