Објавено на:

Двајца американци починале додека биле во потрага по Бигфут

t

Двајца мажи се пронајдени мртви во зафрлена шума додека биле во потрага по Сасквач, митско суштество познато и како Бигфут, објавија властите на американската сојузна држава Вашингтон.

Телата на двајцата мажи од Портланд се пронајдени по тридневна потрага, која почна на Божиќ откако член на семејството пријавил дека тие не се вратиле од националната шума Гифорд Пинчот, каде што барале доказ за постоењето на Бигфут. Во потрагата, која се одвивала на тежок терен и во брутално студени временски услови, учествувале над 60 доброволци, летала и кучиња.

„Се чини дека двајцата починале од изложеност на временските услови, имајќи предвид дека не биле добро подготвени“, кажаа властите.

Не се објавени имињата на жртвите, кои биле на возраст од 37 и 59 години.

Покрај чудовиштето од Лох Нес, Бигфут е едно од најпознатите митски суштества на светот. Досега имало стотици пријави дека бил виден во Пацифичкиот Северозапад во САД и во западна Канада, но без цврст доказ дека постои.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ги преместија Рубио, Хегсет и Бесент…

Американската влада проценува дека заканата од ирански…

Следува променливо облачно и потопло време, од…

Следува период на променливо облачно време со…

Хакери поврзани со Северна Кореја планирале да…

Компанија за кибербезбедност и управување со глобални…

Уапсен 19-годишен Македонец во Белград за обид…

По налог на Вишото јавно обвинителство во…

САД се подготвуваат за нов напад? Третиот…

Американскиот носач на авиони „УСС Теодор Рузвелт“…