Двајца жители на Лојане претепале и ограбиле мигрант од Египет

t

23-годишен мигрант од Египет останал без пари и телефон, а бил и натепан од двајца жители на кумановското село Лојане, кои се уапсени, соопшти МВР.

„На 25.03.2026 полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Н.К.(30) и А.Ќ.(25), двајцата од село Лојане, липковско. Тие се сомничат дека во село Лојане физички го нападнале С.А.(23) од Египет и му одзеле пари и мобилен телефон. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чаши и флаши летале во велешки кафе-бар,…

Групна тепачка се случила вчеравечер во кафе-бар…

Инцидент во Шуто Оризари: Физички нападнал сограѓанин,…

Полицијата синоќа уапси 32-годишен жител на Скопје,…

Вработен во маркет си го натепал колегата

На 16.05.2026  во 19:00 часот, Ѓ.К.(24) од…

Неуспешен барател на азил поставил лажен динамит…

Неуспешен барател на азил предизвика безбедносно предупредување…

МВР преку снимките од „Пјур“ ќе утврдува…

Полицијата ќе ги бара снимките од камерите…