Двајца пациенти со западнонилска треска се хоспитализирани на Инфективна

t

Од Универзитетската клиника за инфективни болести апелираат до граѓаните доследно да ги почитуваат мерките за лична заштита од убоди од комарци: користење репеленти, носење облека со долги ракави и ногавици при престој на отворено, поставување заштитни мрежи на прозорците и отстранување на застојаната вода во околината, каде што комарците се размножуваат.

На Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби лабораториски се потврдени два случаи на западнонилска треска, информира директорот на клиниката Фадил Цана.

Двајцата пациенти се хоспитализирани, под континуиран медицински надзор и се лекуваат согласно современите медицински препораки.

„Нивната здравствена состојба внимателно се следи“, информира Цана.

Западнонилската треска е вирусно заболување кое се пренесува преку убод од инфициран комарец. Најголем дел од инфицираните немаат симптоми или имаат лесна клиничка слика, додека кај мал број пациенти, особено кај повозрасни лица и лица со ослабен имунитет, може да се развијат потешки невролошки компликации.

Од Универзитетската клиника за инфективни болести апелираат до граѓаните доследно да ги почитуваат мерките за лична заштита од убоди од комарци: користење репеленти, носење облека со долги ракави и ногавици при престој на отворено, поставување заштитни мрежи на прозорците и отстранување на застојаната вода во околината, каде што комарците се размножуваат.

Во моментов нема причина за паника, но постои потреба од зголемена претпазливост, особено во летниот период кога активноста на комарците е најголема. Граѓаните кои по убод од комарец ќе развијат висока температура, силна главоболка, вкочанетост на вратот, нарушена свест или други невролошки симптоми треба веднаш да побараат медицинска помош.

Според последните достапни европски извештаи, оваа сезона веќе се регистрирани случаи на западнонилска треска во регионот, што ја нагласува важноста од навремена дијагностика, надзор и превентивни мерки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца пациенти со западнонилска треска се хоспитализирани…

Од Универзитетската клиника за инфективни болести апелираат…

Потврдена казната од 12 години затвор за…

Апелацискиот суд во Скопје донесе правосилна одлука…

Мицкоски не потврди дали Димовски ќе биде…

Премиерот Христијан Мицкоски не потврди дали Димитар…

Селекторот на Јужна Кореја ја напушти земјата…

Јужнокорејскиот селектор Хонг Мјунг-бо доби закани со…

„АНТИРадев“. Граѓаните повторно побараа оставка од Румен…

Граѓаните синоќа протестираат пред зградата на претседателството…