Две години условна казна затвор за Зоранчо Митровски за “Империја”: Ќе плати и 1,5 милиони евра!

t

Врз основа на признание на вина, Основниот кривичен суд Скопје на обвинетиот Зоранчо Митровски му изрече условна казна затвор од две години, во раздвоената постапка за случајот „Империја“. Условната казна на Митровски му се изрекува доколку во следните пет години не стори друго кривично дело.

Зоранчо Митровски и „Еземит вино” ДООЕЛ солидарно треба да платат и штета од 92,25 милиони денари во корист на буџетот на РМ, додека АД „Бетон Штип“, а за најавената штета судот го упати осудениот да си ги побара средствата во граѓанска постапка.

Митровски на претходното рочиште призна вина за делата кои му се ставаат на товар за злоупотреба на службена положба и перење пари.

Судијката Васка Николовска Масевска, при изрекување на пресудата денеска рече дека Митровски е виновен затоа што во периодот 2012-2013 година со искористување на своите позиции во Одборот на директори на АД Бетон и за лична корист, заедно со останатите обвинети, нанеле штета од 256 милиони денари или 4 милиони евра на АД Бетон.

Претходно за истиот случај вина признаа Сашо Мијалков и Орце Камчев кои добија затворски и парични казни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русковска соопшти: Камчев се спогодил за “Империја”…

Орце Камчев со спогодба признал вина за…

Стефанова: Осомничени од “Империја” сакаат да се…

Има осомничени од случајот “Империја” кои сакаат…

Се запленува имот од шест правни лица…

Во рамките на истражната постапка во предметот…

Врховниот суд со два заклучоци им ги…

Врховниот суд уште на 7.12.2021 година донел…