Стефанова: Осомничени од “Империја” сакаат да се спогодат со Обвинителството

t

Има осомничени од случајот “Империја” кои сакаат да се спогодат, истакна денеска обвинителката Лиле Стефанова, но без да ги открие нивните имиња.

-Во моментов нема спогодби, но има иницијативи за спогодување. Не можам да ви кажам лица. Постапката за спогодување не е тајна, повеќе лица имаат поднесено иницијативи за спогодување. За лицата и делата нема да зборувам, ако бидат постигнати спогодби, ќе бидат споделени. Нема кривично дело за кое не може да се прифати спогодба, ама дали ќе се прифатат условите за спогодбата, зависи од тие кои се спогодуваат. Целта во овој предмет ќе биде дали обвинетите се спремни да ја платат, односно вратат имотната корист со која се стекнале со извршувањето на кривичните дела, рече обвинителката Стефанова.

Според неа, во текот на истрагата биле обезбедени доволно докази.

-Ценам дека ќе имаме уште еден успешен предмет во кој ќе докажеме како се извршени кривичните дела и очекувам конфискација на имот и имотна корист од тие кривични дела, истакна Стефанова.

Таа додаде дека до крајит на мај би имало одлука за обвинение.

-Бидејќи лично подолго време го работам предметот мислам дека е зрел за одлука, мислам дека до крај на мај ќе има одлука за секое од делата и обвинетите, согласно прибавените докази, вели Стефанова.

Овој случај го отвори СЈО, а освен Орце Камчев и Сашо Мијалков, меѓу осомничените се споменуваа и Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.

Истрагата заврши пред неколку дена, а наскоро ќе биде познато и кој ќе се најде на листата на обвинети.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русковска соопшти: Камчев се спогодил за “Империја”…

Орце Камчев со спогодба признал вина за…

Стефанова: Осомничени од “Империја” сакаат да се…

Има осомничени од случајот “Империја” кои сакаат…

Се запленува имот од шест правни лица…

Во рамките на истражната постапка во предметот…

Врховниот суд со два заклучоци им ги…

Врховниот суд уште на 7.12.2021 година донел…

Солзи радосници на лицето на тетка Биљана…

Во заедничка хуманитарна акција, денес Панчо ДНК…