Две опожарени возила регистрираше билтенот на МВР
Вчера во 17:18 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на улица „Баглачка“ во Крива Паланка настанал пожар во патничко моторно возило „форд фокус“ со кривопаланечки регистарски ознаки, сопственост на М.С.(56) од Крива Паланка. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Крива Паланка, а повредени лица нема.
Исто така вчера во 20:20 часот но овој пат во Полициската станица Кичево било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Кичево настанал пожар во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, сопственост на В.Е.(63) од Кичево. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица Кичево.
Од МВР велат дека и во двата настани е извршен увид од нивна екипа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Семејствата на загинатите во Кочани повикуваат на…
Со цел споменот на 63-те загинати во…
Мицкоски: Владата на СДСМ отворила пат Мацура…
Секој кој ќе ги исполни условите може…
Продолжува потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани од…
Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот…
Египет стави исламско здружение од Македонија на…
Македонско исламско здружение се најде на списокот…
Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…
Поранешниот министер за економија и поранешен директор…