Двојно убиство, внук осомничен дека си ги убил бабата и дедото во Србија
Ужасно злосторство се случило во семејна куќа во близина на Деспотовац, Србија. Безживотните тела на брачниот пар М.Р. (79) и Ж.Р. (76) беа пронајдени, а според локалните медиуми, нивниот внук М.М. е осомничен за двојното убиство. Мештаните тврдат дека по злосторството тој зел автомобил и избегал, пишува nova.rs.
Соседите се во шок и велат дека убиениот пар биле мирни и чесни луѓе, добро познати во селото. Тие велат дека младиот осомничен не оставал впечаток на проблематична личност, додавајќи дека целото семејство е почитувано во селото и дека никој не можел да предвиди таква трагедија.
„Слушнавме дека нивниот внук ги убил. Тој е син на нивната постара ќерка, живее во селото Дубока, но повремено доаѓал и престојувал кај нив. Неговите родители се во Италија, а неговите баба и дедо по татко починале одамна“, изјавил еден од соседите за „Блиц“.
Мештаните велат дека убиените М.Р. и Ж.Р. биле мирни и чесни луѓе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двојно убиство, внук осомничен дека си ги…
Ужасно злосторство се случило во семејна куќа…
Вучиќ: Србија е добро место за средба…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија…
Брнабиќ: Му благодарам за сета борба на…
„Покажавме сила на единството. Капацитетот да ја…
Минималната плата во Србија од 1 јануари…
Претседателот на Србија најави вонредно зголемување на…
Вучиќ: Пензиите во Србија ќе бидат зголемени…
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека пензиите…