Двојно убиство ја стресе Гевгелија
Шеесет и деветгодишниот В.Г. од Гевгелија се сомничи дека вчера ги убил брата си Л.Г. (71) и снаата Т.Г. (62).
Веста за МИА ја потврдија од СВР Струмица од каде информираа дека вечерва околу 19 часот полициски службеници го лишиле од слобода В.Г. кој околу 18:50 часот пред влез од куќа во Гевгелија со пиштол пукал кон неговиот брат и снаа, кои починале на местото на настанот.
Смртта кај сопружниците ја констатирал лекар од Итна медицинска помош од Гевгелија, а лицето е задржано во Полициската станица во Гевгелија и од него било одземено оружјето со кое го извршил убиството.
Увид на местото на убиството извршил Јавен обвинител и увидна екипа од гевгелиската полиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Македонија ќе треба да излезе од…
Русија ќе се обиде да ја искористи…
Радев со застрашувачки изјави: Во вториот круг…
Изборите се многу тревожен сигнал за целото…
Честитки за победата и успех во исполнувањето…
Министерот за надворешни работи додава дека земјава…
Каде исчезнуваат „Бугарите“? Само 352 бугарски државјани…
Само 352 бугарски државјани гласале на седумте…
Османи: Кремљ ги загуби двајцата свои главни…
Потпретседателот на ДУИ и екс-шеф на македонската…