Девизните резерви близу 3,2 милијарди евра
Девизни резерви на крајот на јули годинава изнесувале околу 3,2 милијарди евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 80,5 милиони евра.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (70,3%) по што следуваат валутите и депозитите (17,7%) и монетарното злато (12,0%).
Девизните резерви, спроред Народната банка, се одржуваат во сигурната зона, а нивното ниво ги задоволува барањата за адекватност согласно со меѓународните стандарди. За ова придонесува високото ниво на девизните резерви во претпандемичниот период и натамошниот раст во двете години од пандемијата.
Движењата на девизниот пазар засега се поволни, односно притисоците од енергетската криза во моментов се значително намалени, додека приливот на девизи на менувачкиот пазар во овој период е значително повисок од очекувањата. Во вакви околности, Народната банка во текот на јули и август интервенира со откуп на девизи, што дополнително го зголемува нивото на девизни резерви
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Надлежните одржаа координативен состанок за решавање на…
Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,…
Мицкоски: Македонија е на иста маса со…
Премиерот Христијан Мицкоски даде изјава од Берлин,…
Дете претепано во тоалет од основно училиште
На 18.11.2026 во 23:10 часот во СВР…
Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со…
Инстант лозот „Фрути“, на Државна лотарија, на…
Погодени холандската и австриската амбасада во Киев:…
Руските напади врз украинската престолнина Киев предизвикаа…