Дезертерот Кузминов се пијанчел и урлал по Шпанија, еве како го пронашле Русите
Рускиот дезертер Максим Кузминов, пилот кој пред околу шест месеци киднапираше хеликоптер на руските вооружени сили во 2023 година, беше брутално убиен во шпанската провинција Аликанте.
„Билд“ пишува дека Кузминов за својот чин и предавањето на воен хеликоптер Ми-8 со полна борбена опрема од Украинците добил 460.000 евра, но истовремено си потпишал и смртна казна.
Како што потврдиле од украинските разузнавачки служби, Кузминов избегал со парите, но наместо да живее под радарот во Шпанија, сам ги донел убијците пред својата врата.
Наводно, тој продолжил да одржува контакти со пријателите и семејството, а со неговото однесување често го привлекувал вниманието кон себе. Често го гледале како урла и се пијанчи, а наводно често пијан се фалел како им помогнал на Украинците.
Меѓутоа, Русите му влегле во трага дури кога ја повикал поранешната девојка. Набрзо го пронашле, го застрелале со 12 истрели и го прегазиле со автомобил.
Телото на Кузминов беше пронајдено минатиот вторник во гаража изрешетана со куршуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Семејствата на загинатите во Ласкарци по укинувањето…
Семејствата на загинатите и повредените во автобуската…
Погоден танкер во Ормускиот Теснец
Британскиот центар за поморски трговски операции (УММТО)…
Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…
Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…
Трамп: Дел од медиумите се закана за…
Американскиот претседател Доналд Трамп обвини некои медиуми…
Дубаи прогласи 10 дена жалост: почина шеикот…
Заменикот на началникот на полицијата во Дубаи,…