Деканот на Богословскиот факултет: Благословот на СПЦ е без ниту еден услов

t

Аплаузот во Соборниот храм покажува што очекувале верниците. Ќе беа разочарани доколку не се случеше денеска признавањето, но сметам дека ќе имаше трпение и понатаму. Целата атмосфера во црквата отсликуваше едно олеснување и ведрина. Народот се чувствуваше изморен и малку збунет, а сега и радосен, вели деканот на Богословскиот факултет, Ѓоко Ѓорѓевски за денешното признавање на МПЦ-ОА од страна на СПЦ.

На 9-ти мај почнавме да гледаме повеќе од светлина, беше јасен правецот. Се изнајде решение за сите пречки. Ме радува дека овој благослов од СПЦ се случува без ниту едно условување, нѐ прифаќаат како што сме. Ова е во краток период и мораше да се случи. 55 години беше долг период на чекање, рече Ѓорѓевски во Дневникот на ТВ Сител.

Според деканот, следниот чекор за МПЦ ќе се фокусира на гледање напред.

Тоа се луѓе кои се наши. Треба да гледаме нанапред. На 12-ти јуни во Вселенската патријаршија не очекува уште една потврда. Служењето во Цариград на македонски патријарх ќе биде историски настан, смета Ѓорѓевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска се празнува Свети Григориј Двоеслов, папа…

Син на сенаторот Гордијан. И самиот потоа…

Денеска се празнува Свети Тарасиј, патријарх Цариградски

Неговиот претходник, патријархот Павле, тајно го напушти…

Денеска се празнува Светиот апостол Онисим

Еден од седумдесетмината апостоли. Му беше роб…

Денеска се празнува Свети Кирил, учител словенски

Светиот рамноапостолен Кирил, учител словенски (до примањето…

Денеска се празнува Преподобен Мартинијан

Житието на овој светител е чудесно и…