Делегација на Владата положи цвеќе пред споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје
Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од вицепремиерот Бојан Маричиќ во придружба на министерот за правда Никола Тупанчевски и заменик-министерот за правда Агим Нухиу, денеска по повод годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, положија свежо цвеќе на споменикот на жртвите од земјотресот.
Годинава се одбележуваат 59 години од катастрофалниот земјотрес што се случи во Скопје на 26 јули 1963 година. Во земјотресот загинаа 1.070 лица, дополнително беа повредени најмалку 3 илјади лица, а околу 200 илјади скопјани останаа без своите домови.
Денот на сеќавањето на скопскиот земјотрес е и ден кога им изразуваме благодарност на сите кои со љубов и солидарност учествуваа во споделувањето на болката со преживеаните и што учествуваа во обновата на градот. Скопје стана град на солидарноста, место на кое се обединија пораките и молитвите за поддршка и за споделување на болката, за загубата.
Почит кон загинатите лица во земјотресот оддадоа и делегации од Собранието на Република Северна Македонија и Канцеларијата на Претседателот на Република Македонија, како и амбасадори и делегации од дипломатско-конзуларните претставништва во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата прави методологија струјата да не поскапи,…
Владата прави методологија за да се задржи…
Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините,…
Над 18,4 милијарди денари од унгарскиот кредит…
Влада: Ставот на Китановиќ е личен и…
Владата излезе со јасен став во врска…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…
Владата ги намалува цените на училишниот прибор…
Училишна кошничка до 15 проценти попуст, е…
Подготвена е нацрт-одлуката за воведување на училишна…