Дел од Тетово 30 часа без струја поради дефект на трафостаница

t

Дел од Тетово во правец и во околината на основното училиште ,,Андреја Савески-Ќиќиш” над 30 часа беа снабдување со електрична поради дефект на трафостаница. Струја во овие домаќинства снемало на пладне во средата, а снабдувањето продолжило од вечерва по 18 часот и 30 минути.

Поради испад на среднонапонски блок, вчера без напон со електрична енергија останаа трафостаницата „Кикиш” и „Тетово 1”. Екипите на Електродистрибуција веднаш интервенираа на терен и за кратко време го нормализираа напојувањето на трафостаницата „Тетово 1”, а санацијата на другата трафостаница траеше подолго поради сериозната штета која настана како резултат на испадот. Трафостаницата „Кикиш” се пушти под напон денес околу 18:30 часот, со што корисниците добија сигурно и стабилно снабдување со електрична енергија, информираа од компанијата Електродистрибуција при ЕВН Македонија, која управува со дистрибутивната мрежа.

Граѓаните со допис до нашата редакција реагираат дека претрпеле штети поради долготрајниот прекин во снабдувањето со електрична енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Физички нападнати полицајци во Тетово!

На 16.08.2026 во 21:50 часот на ул.„Маршал…

Се запали „БМВ“ на тетовски паркинг

Патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски…

Групна тепачка со ножеви во Тетово

На 07.08.2026 во 23:50 часот во СВР…

Две девојки од Тетово скокнале од такси…

Две девојки од Тетово вчера скокнале од…

Тетовец ја претепал својата девојка, па се…

Триесет и двегодишна жителка на Тетово пријавила…