Демири одлучи: Од понеделник прием на деца во градинки со 3 дози ДиТеПер и задолжително ревакцина по шест месеци
Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, согласно препораките на Комисијата за заразни болести по вчерашниот состанок, донесе одлука со што се дозволува прием и престој во детски градинки на територијата на државава, на деца кои по „catch-up“ календар ја комплетирале примовакцинацијата – три дози ДиТеПер вакцина, со задолжително примање на првата ревакцина шест месеци по примањето на последната – трета доза од примовакциналната серија, информираат попладнево од Министерството за здравство (МЗ).
Одлуката денеска стапува на сила, појаснуваат, а ќе се применува од понеделник.
Од МЗ додаваат и дека се стигнати ДиТеПер вакцините за возрасни, граѓаните можат да се вакцинираат во вакциналните пунктови.
– Вакцините се безбедни и претставуваат најголемо достигнување на здравствениот систем. Апелираме до сите граѓани, особено до родителите на децата во предучилишна возраст, да ги вакцинираат своите деца, затоа што главен приоритет е нивната здравствена заштита. Вакциналните пунктови за имунизација работат во две смени со цел да им биде полесно на родителите да ги имунизираат своите деца – пишува во соопштението на Министерството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Татко си го тепал малото дете, мајката…
На 29.09.2026 во 21:30 часот во ОВР…
Раперот Дон Џони, кој сними спот во…
Косовскиот рапер Дон Џони се огласи по…
Маж приведен на ГП „Блаце“
На 29.09.2026 во 14:15 часот, на Граничниот…
Трамп: Имаме целосна контрола врз Ормускиот теснец
Претседателот на САД Доналд Трамп денес изјави…
Скопскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во Европа
Македонија се најде меѓу европските пазари со…