Демири : СДСМ им дава шанса на младите и поголеми плати за да останат дома

t

СДСМ им дава шанса на младите, а во својата програма има мерки со кои планира младите да ги задржи дома, но и да ги охрабри оние кои се заминати, да се вратат во својата држава. СДСМ нуди решение за добар живот и тука, а тоа е дека во следниот период просечната плата ќе биде 1.100 евра. Да имаш 1.100 евра просечна плата, колку што сега зема некој кој е отселен во Италија, а тоа може да се оствари и дома, е голема предност, рече коносителот на листата на СДСМ во ИЕ 6 Агрон Демири, во интервју за Слободен печат.

– СДСМ покажа дека платите можат да растат, а тоа ќе го покаже и во новиот мандат. Едно време минималната плата беше 9.000 денари, а ние ја зголемивме и сега нудиме 600 евра минимална плата и 1.100 евра просечна. Сметам дека со такви плати може да пробаме да ги вратиме младите или дел од младите дома. СДСМ тоа го докажа, дека може да се успее и тука и дека младите ја добиваат својата шанса”, истакна Демири.

Тој се осврна и на концептот Едно општество за сите и дека тоа треба да влезе и во Уставот на државата. Концептот Едно општество за сите, како што е влезен во Статутот на СДСМ, така треба да се најде и во Статутот (Уставот) на државата и во личниот став на секој политичар.

„Тука најмалку се зборува за политика, туку пред сè за човечност. Да се зборува за човечност, а не да се гледаат работите низ призма на вера и нација. И затоа идејата на СДСМ е овој концепт да биде и во Статутот на партијата. Се сеќаваме какво беше општеството до 2016 година и знаеме дека овој концепт смени многу работи. Кога зборуваме за фер и праведно општество тука ќе се надоврзам и на Манифестот на СДММ кој сега го промовираме пред младите во сите изборни единици” рече Демири.

Осврнувајќи се на претседателските избори, Демири истакна дека граѓаните довербата повторно ќе ја дадат за Стево Пендаровски кој во претходните пет години покажа дека е претседател на сите.

„Пендаровски ја има поддршката од народот и тоа се виде и со Конвенцијата во Борис Трајковски која ги сруши сите лажни анкети на ВМРО-ДПМНЕ. Тој беше и ќе биде претседател за сите. Народот на 24. април и 8. мај ќе ја даде поддршката за втор мандат на Стево, затоа што вратите на Стево беа отворени за сите во изминатите пет години” објасни Демири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…

Ковачевски од Неготино: Македонија треба да гласа…

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва од…

Граѓаните што гласаа за ЗНАМ, практично, гласаа…

Максим Димитриевски и неговата партија ЗНАМ имаат…

Ковачевски: Неколку функционери од ДУИ фрлија сенка…

Несоодветното однесување на неколку функционери од ДУИ…

Најчевска: Алтернатива на СДСМ не е ДПМНЕ

Професорката Мирјана Најчевска се огласи со свој…