Демири: Фокусирани сме на превенцијата и раното откривање на заболувањата

t

Министерот за здравство Илир Демири истакнува дека откако стапил на функцијата посветено се работи на зајакнување на здравствениот систем. Тој нагласува дека Македонија е прва земја од Западен Балкан што официјално го усвои Националниот акциски план за здравствена безбедност, во соработка со Светската здравствена организација, што е важен чекор напред во зајакнување на нашата посветеност за заштита на здравјето и благосостојбата на нашите граѓани.

Фокусирани сме на зајакнување на превенцијата и раното откривање на заболувањата. Минатата година се воведоа шест нови лекови за ретки болести и пациентите со цистична фиброза за првпат примија лек. Инвестираме во нова медицинска опрема, со што двојно е зголемен буџетот за оваа намена, а исто така ги подобруваме и условите во јавно здравствените установи преку реконструкции. Продолжуваме посветено да работиме и во следниот период, со цел унапредување на условите за работа на здравствените работници во јавното здравство, како и во интерес на сите пациенти во државата. Нека ни е честит Светскиот ден на здравјето!- истакнува Демири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија има повеќе болнички кревети на 100…

Во Европската Унија во 2024 година имало…

Ќе има ли проверки за „фантом-вработени“ во…

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се…

По 10 години се ажурира листата на…

Министерот за здравство, Азир Алиу, соопшти дека…

Христовски: Ќе се прави студија како работат…

Во план е студија околу тоа како…

Владата планира да набави 100 амбулантни возила…

Директорот на Службата за општи и заеднички…