Денеска продолжува судењето за модуларната болница во Тетово
Во судницата треба да продолжи сослушување на нови сведоци кои се повикани по барање на адвокатите на обвинетите.
Минатато рочиште на 21 март сослушани беа универзитетските професори кои во предистражната постапка изработиле вешт наод и мислење во писмена форма, како и две медицински сестри, ангажирани во модуларната болница.
Обвинетите, директорите Фљорин Бесими и Артан Етеми, докторот Бобан Вучевски и претставник на Клиничка болница Тетово како правно лице на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но не признаваат вина и дека не ги сториле делата за кои се товарат.
Судењето за пожарот што се случи на 8 септември 2021 година, кога животите ги загубија 14 луѓе, а десетина беа повредени почна на 7 декември 2022 година откако од септември 2022 до тогаш судскиот процес беше неколку пати одложуван.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бебе од Куманово заврши во болница по…
Четиринаесетмесечно дете од Куманово било хоспитализирано откако…
Малолетник со мотор удрил во 74 годишна…
На 02.06.2026 во 11:00 часот во ОВР…
Хорор во училиште во Ченто: Ученик влегол…
15-годишник е лишен од слобода откако со…
Судијка поротничка била во роднинска врска со…
И покрај тоа што судијката поротничка Лидија…
Алиу: 4,56 милијарди денари за целосна трансформација…
Клиничката болница во Тетово ќе биде целосно…