Денеска се очекува средба Мицкоски-Таравари
Премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека најверојатно денеска ќе има средба со Арбен Таравари за неговото натамошно функционирање во Владата и евентуалната соработка со ДУИ на локални избори.
За него, како што напомена, е неприфатливо ако Таравари се договара со ДУИ.
– Таква средба ќе има следната недела, мислам дека е утре. Треба да го погледнам распоредот, но мислам дека е утре. На средбата јасно сакам да слушнам став дали е точно дека има договор помеѓу партијата на Таравари и ДУИ дека во најмалку пет или шест општини, да не ги шпекулирам имињата, каде што тој ќе извади кандидати, ДУИ нема да има свои кандидати за градоначалници што прво значи себепонижување, како политичка партија, а второ дека тивко ќе го поддржува. Тоа за мене како претседател на Владата е неприфатливо, изјави Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва тврди дека погодила трговски брод во…
Руските вооружени сили попладнево продолжија со координирани…
Силно невреме во Италија, жена загина во…
Невремето што од вчера ја погодува Италија…
Врнежи, ветер и заладување за време на…
Под влијание на циклонска активност за време…
Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат
Поранешниот министер за одбрана Трајан Гоцевски изнесе…
(Видео) Четворица мажи избодени среде Лондон, полицијата…
Четворица мажи биле избодени денеска попладне во…
