Денеска се празнува светиот маченинк Созонот

t

Според календарот на МПЦ денеска се празнува светиот маченик Созонт.

Родум од Ликаонија. Беше овчар, а во сè го држеше Божјиот закон и ги поучуваше своите врсници и другари во благочестието. Преку некое видение дозна дека ќе треба маченички да пострада за Христа.

Во тоа време имаше големо гонење на христијаните во блискиот град Помпеопол од страна на некој Максимијан, управител киликиски. Во градот имаше некој златен идол на кого незнабошците му се поклонуваа.

Созонт ги остави своите овци, отиде во градот, влезе во незнабожечкиот храм, му ја скрши раката на златниот идол, ја раздроби и им ја раздаде на сиромасите. Заради тоа, во градот настана голема тревога и незнабошците почнаа да го бараат виновникот. За да не пострада некој друг заради неговото дело, Созонт се упати кај управителот и се пријави себеси како христијанин и извршител на она дело.

Мачителите најпрво го тепаа, а потоа го обесија на дрво и го стружеа со железни четки, а кога беше веќе на умирање го ставија на оган, каде што свети Созонт Му ја предаде својата душа на Бога. Пострада околу 304 година. Неговите мошти се покажаа како чудотворни и над нив беше подигнат храм посветен на светителот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Според Календарот на МПЦ утре се празнуваат…

Соборот на Руските новомаченици и исповедници се…

Денеска се празнува Преподобен Григориј Декаполит

Роден е во Декапол Исавриски, од Сергиј…

Денес се сеќаваме на Светите маченици Гуриј,…

Гуриј и Самон беа угледни едески граѓани.…

Денеска е Свети Павле Исповедник, патријарх Цариградски

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Денеска е Свети…

Епископот Марко устоличен во новата Делчевско-каменичка епархија…

Во црквата Успение на Пресвета Богородица во…