Денес повторно „Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите бараат поддршка од цела Македонија – почетокот е од 18:05
Семејствата на настраданите во пожарот во клубот „Пулс“, продолжуваат со организирање „Марш за ангелите“, а денеска ќе се одржи деветтиот по ред.
За разлика од досегашните, овој протестен марш во Кочани ќе почне во 18:05 часот како симбол на задоцнетата реакција на институциите.
Организаторите на маршот истакнуваат дека тој истовремено е и за поддршка на повредените лица во трагедијата и ги повикуваат нивните блиски, роднини и пријатели, да се придружат. Протестот е со единствена цел да се добие правда за сите кои настрадаа во пожарот, за којшто тие велат дека не е несреќен случај, туку масовно убиство.
Учесниците на маршот ќе тргнат од Паркот на револуцијата, ќе продолжат низ трговскиот центар, потоа пред Општина Кочани, а оттаму кон Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството.
Организаторите ги покануваат сите граѓани, кои даваат поддршка на нивните барања, да им се придружат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025…
Резултатите од ПИСА 2025 покажуваат загрижувачка реалност…
Мајка приведена бидејќи го тепала својот 16-годишен…
На 08.09.2026 во 14:00 часот во Скопје,…
ЕУ ѝ дава на Шпанија 115 милиони…
Европската унија соопшти дека ѝ доделува на…
Во Шпанија топлотниот бран трае 61 ден
Во 2026 година во Шпанија се регистрирани…
Девојка од 22 години стана прв тренер…
Поранешниот турски второлигаш Тургутлуспор го привлече вниманието…