Денес се празнува Светиот пророк Осија
Син Веириин од племето Исахарово. Живееше и пророкуваше 800 години пред Христа. Неговите боговдахновени зборови се наоѓаат во неговата книга составена од четиринаесет глави. Му упати многу укорувања на Израилот и на Јуда за идолопоклонството, пророкуваше за казната Божја за гревовите, ја прорече пропаста на Самарија и на Израилот заради богоотстапништвото, а и милоста Божја кон Јудиното колено.
Го прорече укинувањето и престанокот на старозаветната жртва и доаѓањето на Господа и богатството на даровите коишто Он ќе ги донесе со Себе на земјата. Живееше до длабока старост и мирно се упокои.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин и Си ја продлабочуваат соработката: Русија…
Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател…
Кој го праша? Според Еди Рама, Бугарите…
Албанскиот премиер Еди Рама вчера изјави дека…
Откажуваат послушност: Француски полицајци не се јавиле…
Речиси 1.000 припадници на француските полициски единици…
Денес се празнуваат Преподобните маченици Галактион и…
Родени се во финикискиот град Едеса, обајцата…
Метео: Видете какво ќе биде времето денес
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…